Новак Ѓоковиќ го коментираше својот пласман во полуфиналето на Австралија Опен, откако мечот му го предаде Лоренцо Мусети. Надежите на Италијанецот да ја прекине серијата порази на Гренд слем турнирите против Ѓоковиќ беа уништени на суров начин во среда попладне во Мелбурн. Италијанецот беше принуден да го предаде четвртфиналниот меч на Австралија Опен со водство од 6:4, 6:3, 1:3.
Мусети, кој три пати загуби од Ѓоковиќ на Гренд слем турнирите, одигра одличен натпревар и поведе со два сета на „Род Лејвер Арена“. Сепак, се чинеше дека го повреди горниот дел од десната нога во третиот гем од третиот сет. Иако Италијанецот се обиде да продолжи откако доби медицинска помош при резултат 1-2, беше принуден да се повлече по два часа и осум минути игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

