Новак Ѓоковиќ ноќеска се пласираше во 1/4 финалето на турнирот во Мајами, и таму го чека меч против Себастијан Корда. Но, прашање е дали овој меч ќе се одигра поради тоа што противникот на Србинот има проблеми со повреда. Поради тоа и го откажа мечот во двојки во Мајами, кој требаше да го игра со Џордан Томпсон.
Корда имал проблеми и за време на мечот со Гаел Момфис, чувствувал болки во прстот, нешто кое и самиот го признал.
„Размислував за неколку детали во однос на играта. Ми минуваа негативни мисли поради повредата, наместо да останам позитивен. Морав да се рефокусирам, и да продолжам да го давам најдоброто од себе“, изјави Корда.
Сепак, американскиот тенисер не исклучи дека би можел да се откаже од понатамошно учество на турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА