Ѓоковиќ без борба се пласираше во четвртфинале на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ директно се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен, откако неговиот ривал во осминафиналето, Јакуб Меншик, го предаде мечот без борба.

Меншик одлучи да се повлече од турнирот поради повреда, што го објави преку својот Инстаграм профил.

„Тешко е да се напише ова. Откако направивме сè што можевме за да продолжам, морам да се повлечам од Австралија Опен поради повреда на стомачниот мускул што се влоши за време на последните натпревари. По долги разговори со мојот тим и лекарите, донесовме одлука дека нема да излезам на теренот утре. Иако сум разочаран, стигнувањето до 4-то коло тука за прв пат е нешто што ќе го носам со себе долго време. Ја почувствував енергијата на публиката и атмосферата во Мелбурн кои беа навистина посебни“, напиша Меншик.

Меншик претставуваше сериозен предизвик за Ѓоковиќ, откако го победи на Мастерсот во Мајами минатата година, но ќе почека нова можност за судир.

Србинот оди директно во четвртфиналето, ќе има пауза од дури четири дена и ќе го чека победникот од дуелот меѓу Лоренцо Мусети и Тејлор Фриц, деветтиот и петтиот носител.

Се вчитува...