Ѓоковиќ без мака до третото коло на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло од Вимблдон, откако српскиот тенисер без многу мака стигна до победа над Адам Павлашек со максимални 3-0 во сетови. Чешкиот тенисер, моментно 136. на АТП-листата, немаше сили за посериозен отпор, па вториот носител со беспрекорна игра забележа лесна победа, изразена со преубедливи 6-2, 6-2, 6-1. Павлашек имаше само една шанса за брејк што не ја искористи, Ѓоковиќ беше успешен седум пати од укажаните 18 можности, за лесна победа и пласман во третата рунда, каде Србинот ќе се сретне со подобриот од дуелот Дел Потро – Гулбис.

Григор Димитров исто така лесно ја заврши својата задача во второто коло, триумфирајќи над Багдатис со 3-0 во сетови (6-3, 6-2, 6-1), а пласман во следната рунда обезбеди и Давид Ферер, откако Дарсис го предаде мечот по негатива од 0-3 во првиот сет.

На женскиот дел од турнирот, Кузнецова во руската пресметка ја совлада Макарова со 6-0, 7-5, а успешна беше и Американката Ванервеге, која славеше над Германката Марија со 6-4, 6-2.

Се вчитува...