Новак Ѓоковиќ триумфално ја стартуваше одбраната на титулата на Вимблдон, откако попладнево славеше над Филип Колшрајбер со 3-0 во сетови. Германецот според реномето е еден од најтешките ривали што можеа да се паднат во првото коло, но првиот светски рекет без многу мака го скрши неговиот отпор славејќи со конечни 6-4, 7-5, 6-3. Негов следен ривал ќе биде Кудла, кој денеска триумфираше со 3-0 во сетови над Јазири.
Јанко Типсаревиќ го доби маратонот против Нишиока во пет сета, па по седум години пауза повторно се пласираше во второто коло од Вимблдон. Таму има место и за ланскиот финалист Кевин Андерсон, кој триумфираше со 3-0 над Херберт.
На женскиот дел од турнирот пласман во следната рунда обезбеди Каролина Плишкова со победата од 2-0 над Жу од Кина, како и Симона Халеп, Елина Свитолина и Медисон Кис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА