Новак Ѓоковиќ експресно се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос, откако денеска во осминафиналето славеше со максимални 3-0, по сетови 6-3, 6-2 и 6-2 против Перуанецот Хуан Пабло Вариљас.
За разлика од претходните два меча против Фучович и Давидович-Фокина, денеска третиот тенисер во светот немаше никакви проблеми.
Во четвртфиналето за противник Ѓоковиќ ќе го има Русинот Карен Хачанов кој денеска беше подобар од Лоренцо Сонего со 3-1 (1-6, 6-4, 7-6 и 6-1).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

