Ѓоковиќ без проблеми до четвртфинале во Париз

Новак Ѓоковиќ без проблеми се пласираше во четвртфиналето од Мастерсот во Париз откако славеше со убедливи 2-0 против рускиот тенисер Карем Хачанов. Србинот првиот сет го доби со 6-4, а беше уште подобар во вториот сет добивајќи со 6-1.

Со тоа српскиот тенисер закажа четвртфинален меч против Лоренцо Мусети кој претходно го доби Каспер Руд со 2-1 во сетови.

Се вчитува...