Ѓоковиќ без проблеми до прв триумф на УС Опен

Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на УС Опен со убедлив триумф над младиот американски тенисер Лернер Тиен со 3-0 во меч кој траеше два часа и 24 минути.

Србинот го доби првиот сет со експресни 6-1 и тоа за само 25 минути игри по што 19-годишниот Американец прижи отпор па вториот сет кој траеше час и 23 минути беше одлучен по тај-брејк со 7-3.

Во третиот сет следеше нова доминација на Ѓоковиќ кој ја за 36 минути славеше со 6-2 и се пласираше во следната фаза каде за противник ќе има уште еден Американец, Закари Свајда.

Се вчитува...