Откако во второто коло во Бања Лука го совлада младиот Лука ван Еш со 6-7, 6-3 и 6-2, Новак Ѓоковиќ вели дека е задоволен од состојбата со повредата на лактот, но на прес-конференцијата говореше и за други тениски теми.
Најдобриот тенисер на светот беше запрашан кога би ја завршил денеска кариерата кој од тенисерите би сакал да го води, на што тој даде интересен одговор.
„Тоа би бил Кирјос. Мислам дека доколку го водам јас тој може да освои пет гранд-слем трофеи, но, тоа би го чинело многу“, изјави Ѓоковиќ.
Во четвртфиналето на турнирот во Бања Лука, Ѓоковиќ ќе се сретне со сонародникот Душан Лајовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

