Ѓоковиќ: Би сакал да ја освојам 100 титула во Мајами

Новак Ѓоковиќ ја мина првата пречка на Мастерс-турнирот во Мајами, славејќи на дуелот против Ринки Хиџката од Австралија со 2-0 во сетови.

Откако на претходните два турнира беше елиминиран уште во првите мечеви, Ѓоковиќ овојпат беше на посакуваното ниво, стигнувајќи до победа со која дефинитивно ќе ја крене самодовербата пред наредните предизвици во Мајами.

Тој по мечот изјави дека би сакал во Мајами да стигне до својата 100 АТП титула во кариерата…

„Би сакал овде да ја освојам 100. титула во кариерата. Но, ќе видиме, ова е долг турнир. Секако, ме охрабрува да знам дека можам да играм добро овде, како денеска. Но, сепак ме чека долг пат“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...