Новак Ѓоковиќ со доминантен меч против Камерон Нори се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос. За српскиот тенисер ова беше јубилејната 100-та победа на мастерсот на Франција по што не го криеше задоволството, но најави дека не запира тука.
Србинот не го криеше задоволството од троцифрениот број на победи, но сака да ја оствари и 101-та победа во Франција.
„Тоа е многу убав број, но победата 101 е уште подобра. Одам на следната. Не е готово за мене. Се чувствувам одлично на овој турнир. Чест ми е што испишувам историја во овој спорт. Продолжувам така и се надевам на нова победа за два дена“, изјави Ѓоковиќ по мечот.
За противник во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе го има Алекснадар Зверев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

