Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ разговараше со шпанските новинари за време на доделувањето на наградите „Лауреус“ во Мадрид.
Наградата за најдобар светски спортист му припадна на Арманд Дуплантис, а наградата му ја врачи токму Ѓоковиќ.
Пред церемонијата, Новак се присети на претходната година, во која освои злато на Олимписките игри, победувајќи го Карлос Алкараз во финалето, но и беше запрашен уште колку долго планира да биде на тениските терени.
„Тоа е најголемиот успех во мојата кариера. Тоа е за мојата земја, на Олимписките игри, кои се случуваат само на секои четири години. Целата историја на овој турнир, три полуфиналиња. На 37 години, во Париз, со сопругата и децата. Тоа беше како на филм. Никогаш не сум имал такво чувство како тогаш на теренот. Не знам колку ми остана од професиолната кариера. Знаете ли вие? Јас немам поим“, истакна Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА