„Ѓоковиќ денес жив би ги изел сите оние некогашни ѕвезди како Бекер, Лендл, Сампрас…“

Австралискиот тенисер Ник Кирјос даде свој став на темата како би се снашле некогашните најголеми тениски ѕвезди ако се најдат сега на терените во овој модерен тенис.

Кирјос смета дека сега сите тие играчи од тимот на Борис Бекер, Иван Лендл, Пит Сампрас… не би имале никаква шанса на терените против еден Новак Ѓоковиќ.

„Играта порано беше навистина спора. Го гледав Борис Бекер, и не велам дека не биле добри во свое време, но апсурдно е да се прави било каква компарација со денешниот тенис. Брзиот сервис тогаш бил меѓу 197 и 200 километри на час. А, оние како мене денес сервираат најмалку со 220 километри на час и гаѓаат во аглите. Тотално поразлично“ – вели Кирјос и дополнува:

„Тие тогаш играле сервис и волеј… Ало, па за да го играте тоа денес треба да сервирате најмалку 220 километри на час. Затоа што ако сте под 220, па Ѓоковиќ жив ќе ве изеде. Буквално жив ќе ве изеде. Па, Лејтон Хјуит го растури една година Пит Сампрас на УС Опен. Тоа беше прототип на некој кој умее да ритернира. Направи Сампрас да изгледа обично ср.ње. А, што би направил сега Ѓоковиќ на некој како Сампрас? Па, онака рутински би го исчистил од терен. Ако еден Хјуит можел така, Ѓоковиќ тотално би го уништил“.

Се вчитува...