Рекетот на Новак Ѓоковиќ конечно стана златен. Австриската компанија за производство на спортска опрема „Хед“ на најдобриот светски тенисер му подари златен рекет тежок осум килограми.
Рекетот му беше врачен на Новак во присуство на неговото семејство, сопругата Јелена, синот Стефан и ќерката Тара, пред да полета со нив на Азорските Острови за да се одмори од големиот триумф во Париз.
„Успех на тимот! Ова е 23. гранд-слем трофеј, нов рекорд во машкиот тенис. Новак Ѓоковиќ сега се изедначи со Серена Вилијамс за најмногу титули и во машката и во женската Опен ера. Новак исто така се врати на број 1, зголемувајќи го својот рекорд на сите времиња за најмалку две недели“, напиша „Хед“ на Инстаграм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

