Австралија Опен ќе започне на 18 јануари, а 10-кратниот освојувач на првиот гранд-слем во календарската година, Новак Ѓоковиќ, беше пречекан со аплауз од публиката во Мелбурн.
Најуспешниот играч во историјата на тенисот дојде во „Род Лејвер арена“ за да го направи првиот тренинг пред турнирот, а Австралијанците не го обвинија 38-годишниот Србин што пристигна подоцна од очекуваното.
За разлика од бројните натпреварувачи, Новак се откажа од учеството на турнирот во Аделаида, кој за многумина беше генерална проба пред АО, па затоа остана подолго на подготовките во Дубаи.
Пред Ѓоковиќ е егзибициски натпревар против Американецот Франсис Тиафо во четврток, истиот ден кога е закажана ждрепката за првиот гранд-слем.
Novak Djokovic arrives to the Australian Open pic.twitter.com/UtEtnkY1Ug
— The Big Three (@Big3Tennis) January 13, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

