Ѓоковиќ: Дојдете во сала, ова можеби ми е последен пат да играм во Србија

Новак Ѓоковиќ јавно ги повика навивачите да дојдат во салата „Пионир“ и да ги поддржат српските тенисери на претстојните дуели од Дејвис-купот против селекцијата на Грција.

Крај Ѓоковиќ боите на Србија ќе ги бранат уште Кецмановиќ, Лајовиќ и Меџеровиќ, а најдобриот тенисер на сите времиња најави дека ова е можеби последен пат да игра официјален меч во својата татковина.

„Често на прес-конференциите ме прашуваат што се уште ме мотивира. Мотивација ми се гранслемовите, но исто така и настапите за Србија. Затоа и олимпиското злато од Србија толку многу ми значеше. Среќен сум што секогаш сум на располагање на селекторот Троицки, кого го познавам уште од детството. Покрај тоа злато и првиот трофеј на Вимблдон, како омилен пехар би го избрал и оној од Дејвис-купот во 2010 година. Кога играте за својата земја крај себе имате соиграчи, селектор и поддршка од трибините. Форматот на Дејвис-купот се промени и немаме многу шанси да играме пред нашите фанови. Последен пат настапував пред своите фанови токму во Пион пред седум години и не знам дали повторно ќе се укаже шанса. Ова ми е можеби последен пат да играм овде, затоа јавно ги повикувам сите да дојдат и да ни дадат поддршка“, истакна Ѓоковиќ.

Се вчитува...