Ѓоковиќ доминантно до 1/4 финале на Ролан Гарос

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето од Ролан Гарос прикажувајќи доминантна игра за триумф од 3-0 против Британецот Камерон Нори за два часа и 15 минути игра.

Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6-2, беше доминантен и во вториот славејќи со 6-3 па фантастичнта игра ја потврди и победа од 6-2 во третиот сет.

За српскиот тенисер ова е стотата победа на Ролан Гарос.

За противник во четвртфиналето Србинот ќе го има Александар Зверев кој се пласираше меѓу најдобрите осум откако неговиот противник Талон Грикспур поради повреда во вториот сет мораше да го предаде мечот.

Се вчитува...