Ѓоковиќ: Доста збориме за 25. титула… и 24 не е лош број

Новак Ѓоковиќ по 21. пат во својата кариера ќе настапи на првиот грен-слем во сезоната – Австралија Опен.

Српскиот тенисер за медиумите во Австралија говореше на повеќе теми, а една од нив беше и долго очекуваниот грен-слем број 25.

„Многу се говори за 25. слем, но јас повеќе сакам да се сконцентрирам на тоа што веќе го постигнав. Не е ниту 24 лош број. Сакам да го намалам притисокот од себе. Секогаш постои притисок, но не сакам да го имам, ниту да го чувствувам тој менталитет „сега или никогаш“. Како што кажав, благодарен сум на шансата која ја имам, особено тука каде освоив десет титули. Минатата година тука имав голема победа над Карлос. Знам дека кога сум здрав и кога ќе ги склопам коцките можам да победам било кој. Да ја немам таа самодоверба немаше ни да говорам тука со вас. И понатаму имам желба. Знам дека Синер и Алкараз се на друго ниво во однос на други, но тоа не значи дека никој друг нема шанса“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...