Некогашниот петти тенисер на светот Жо Вилфред Цонга за време на турнирот во Мец, зборуваше за сегашниот тенис, кажувајќи дека Србинот Новак Ѓоковиќ е најдобриот на сите времиња и дека може уште да освојува грен слем титули.
Цонга се повлече од тенисот после Ролан Гарос 2022 година, а Французинот беше првиот тенисер кој Ѓоковиќ успеа да го победи во едно грен слем финале во 2008 година.
„Најдобриот на сите времиња ГОАТ е Ѓоковиќ. И слободно може да оди до 28 грен слем титули. Никогаш не се знае“, рече Цонга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

