„Ѓоковиќ е најдобар во историјата и крај на дискусијата“

Еден од најпознатите тениски тренери, Патрик Муратоглу кој во својата кариера работеше со Серена Вилијамс, Симона Халеп, Стефанос Циципас и Холгер Руне, истакна дека во дебатата за најдобар тенисер на сите времиња треба да се биде објективен.

Ако се погледнат тие параметри, според францускиот стручњак, нема сомнеж дека тоа е Новак Ѓоковиќ.

„Единствената мерка за тоа кој е најдобар се титулите. Новак Ѓоковиќ ги победи и Надал и Федерер на сите гранд-слем турнири. Тој има освоено 23 големи титули, исто така има најмногу турнири од Мастерс серијата – 38, има шест финални Мастерси и убедливо најмногу недели како број 1 во светот. Она што импресионира кај Новак е тоа што и на 36 години има способност да ги освои најголемите титули. Крај на дискусијата“, рече Муратоглу.

Се вчитува...