„Ѓоковиќ е тенисер кој се раѓа еднаш на 100.000 години“

Речиси една година по завршувањето на многу успешната соработка со Новак Ѓоковиќ, но и фијаското што му го приреди Јелена Рибакина, Горан Иванишевиќ е без работа.

Во подкастот „Неуспех на шампионите“ тој меѓу другото говореше и за Ѓоковиќ за кого кажа дека човек како него се раѓа еднаш на 100.000 години,

„Зошто Новак е најдобар?! И тој е човек од крв и месо. Самиот рече, пред секој дуел го боли стомакот, нервозен е на мечот, но тоа го гледам. Во моментот точно се гледа дека другиот ќе го изеде нервозата. Секогаш е на своето ниво и лебди. Затоа е најдобар. Затоа постои ова рангирање на луѓе кои подобро се справуваат со нервозата, кои подобро се справуваат со притисокот. Тој е таков, на секои сто илјади години се раѓа еден таков“, изјави Иванишевиќ. 

Се вчитува...