Ѓоковиќ со најголема заработка во 2023 година меѓу тенисерите

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е со најголема заработка во 2023 година во светот на „белиот спорт“.

Ѓоковиќ, според официјалните податоци кои ги објави „Евроспорт“, заработил 38.4 милиони долари во 2023 година, и е број еден меѓу тенисерите и тенисерките. Оваа вкупна заработка е од учества и победи на турнирите како и спонзорските договори во 2023 година. Зад него е освојувачот на Вимблдон, Шпанецот Карлос Алкараз со 31.4 милиони долари.

Mеѓу тенисерките најмногу заработила Ига Швјонтек, која е и трета на вкупната ранг листа со 22.4 милиони долари, а Русинот Данил Медведев е на четвртата позиција со 20.1 милион долари. Шпанецот Рафаел Надал е на петтата позиција со 15.5 милиони долари.

Во топ десет според заработката се уште и Ема Радукану (15.3 милиони долари), Коко Гоф (15.2), Каспер Руд (14.4), Наоми Осака (12.1) и Џесика Пегула (10.9 милиони долари).

Се вчитува...