Легендарниот Енди Родик, анализирајќи ја победата на Новак Ѓоковиќ против Карлос Алкараз во четвртфиналето на Австралија вели дека Србинот е се уште вистински уметник на теренот.
„Како да игра сам против светот, борејќи се со играта и на теренот и надвор од него – и се уште победува!“ – вели Родик, веднаш дополнувајќи:
„Кога ќе му се дозволи, Ѓоковиќ е вистински уметник на терен. На моменти како да брзаше непотребно. Како на уметник кога ќе му кажете дека има само 30 минути да направи слика, па не испаѓа баш најдобра верзија на она што е способен да направи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

