Ѓоковиќ е во Белград и навива за својата Црвена Звезда

Најдобриот тенисер во светот одлучи да ги пропушти турнирите во Азија, а во моментов се наоѓа во својот роден Белград. Тој вечерва го следи натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Црвена Звезда и Јанг Бојс.

На Маракана Ѓоковиќ стигна со уште неколку членови на неговото семејство. За него има резервирано место во ложата од каде го следи дуелот против Јанг Бојс.

Познато е дека Ѓоковиќ е огромен навивач на Црвена Звезда и секоја можност ја користи за да проследи некој натпревар на фудбалска или кошаркарската секција.

 

Се вчитува...