Британецот Тим Хенман, некогаш четвртиот играч во светот, верува дека Новак Ѓоковиќ може да стане најтрофејниот играч во историјата. Тој потенцираше дека Србинот може да дојде до многу победи и титули, но не верува дека ќе ги „урне“ рекордите на легендите во тенисот. Анализата на Тим се базира на метматички бројки и статистки, кои не можат да бидат оспорени или игнорирани, а за медиумите тој темелно објасни кој е единствениот пат на Ноле за поместување на границите и испишување на нови страници во историјата на тенисот.
Хенман смета дека е многу пореално Ѓоковиќ да ја заврши кариерата со освојвуање на 21-та или 22-та титула.
„Не би ја исклучил можноста да стигне до 24-та Гран слам титула, колку што има Маргарет Корт, но тоа е навистина ‘ѓаволски’ тешка работа. Новак сега има 33 години и треба да ги освои двете најголеми титули во следните четири години. Тоа е огромен предизвик. Новак е способен да победува континуирано. Тој е главен фаворит на секој турнир, освен на Ролан Гарос. Тој број од 21 или 22 е достижен. Верувам дека и Надал и тој ќе ја завршат својата кариера со повеќе Гран слемови од Федерер, што беше незамисливо до пред некоја година“, изјави Хенман.
Ѓоковиќ досега има освоено 17 титули, додека неговите најголеми ривали, Надал и Федерер, имаат по 20.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

