Ѓоковиќ: Една од најважните работи во кариерата ја научив од Роџер

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ даде интересна изјава во која го пофали еден од своите најголеми ривали Роџер Федерер.

Србинот вели дека една од најважните работи кои ги научил во животот е начинот на кој Роџер го прави календарот за секоја година.

„Најважното нешто што го научив од Федерер е како да си го организирам распоредот за да можам да бидам на својот врв на слемовите. Тој беше еден од првите што ја подигна организацијата на повисоко ниво. Бев инспириран од тоа, следев и бележев, следев како функционира работата и кои турнири ги пријавува“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...