Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа рана елиминација и од Мастерс турнирот во Мадрид. Тој не успеа да се пласира во осминафиналето, откако загуби со 1-2 во сетови (3-6, 6-2, 3-6) од британскиот тенисер Кајл Едмунд.
Ѓоковиќ лошо го отвори мечот и го загуби првиот сет со 6-3 во гемови, но потоа успеа да го подигне нивото на својата игра и возврати со 6-2 во вториот сет. Сепак, повторно го загуби ритамот во решавачкиот трет сет и доживеа елиминација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

