Ѓоковиќ емотивен: Кога имав седум години, гледав Вимблдон додека ја бомбардираа Србија…

Новак Ѓоковиќ емотивно го прослави новото финале на Вимблдон, откако српскиот тенисер славеше на полуфиналниот дуел со Лоренцо Мусети од Италија со 3-0 во сетови.

За Ѓоковиќ тоа ќе биде вкушно 37. гранслем финале во кариерата, а најдобриот светски тенисер на сите времиња досега има 24 титули од најсилните турнири, седум од нив токму на Вимблдон.

„Имам зборувано на оваа тема, Вимблдон е исполнување на детскиот сон за мене. Како седумгодишно дете, додека ја бомбардираа Србија, јас седев дома и гледав Вимблдон. Имав картонски трофеј, го гледав секој меч што беше на ТВ и си велев сам на себе дека и јас ќе бидам шампион еден ден. Таа визуелизација беше силна, но секако дека не беше доволна, стигнав тука каде што сум благодарение на поддршката што ја имам од најблиските. Успесите од минатото не ми вредат ништо, знам дека морам да сум максимално фокусиран, не сакам да застанам овде, желба ми е в недела да го кренам трофејот. Дојдов во Лондон не знаејќи дали воопшто ќе играм по операцијата на коленото, јавно реков дека нема ни да настапам ако не верувам дека можам да стигнам далеку. Сега кога сум во финалето, сакам да им се заблагодарам на сите членови на мојот тим што помогнаа во остварувањето на оваа цел, се надевам дека в недела заедно ќе се радуваме“, изјави емотивниот Ѓоковиќ по денешната полуфинална победа.

Се вчитува...