Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во интервју за британскиот „Би-би-си“ ја откри неговата страна за сето тоа што се случуваше во Австралија на почетокот на годината.
Покрај сите теми околу вакцинацијата и неговата депортација од земјата, тој говореше и за своите колеги тенисери за кои вели дека многу го повредиле.
„Колегите… Тоа многу ме повреди. Ја почувствував таа енергија, погледите на моите колеги, луѓето кои се наоѓаа во иста зграда со мене. Разбирам дека нивната перцепција беше врз основа на тоа што го слушаат од медиумите, а јас намерно не излегов јавно бидејќи ја почитувам правната постапка и Австралија опен. Дефинитивно не ми беше пријатно. Не сакам да седам овде и да се жалам, но се чувствував беспомошно“, изјави Ѓоковиќ.
Djokovic: Reaction from my colleagues hurt me a lot https://t.co/gpFkvpgVat
— World News Guru (@worldnews_guru) February 15, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

