Ѓоковиќ: Федерер го искористи тоа што мојата самодоверба беше многу падната

Новак Ѓоковиќ загуби од Роџер Федерер со 2-0 (6-4 и 6-3) во последниот меч од групната фаза на завршниот мастерс во Лондон. Ѓоковиќ смета дека причината за поразот е тоа што ја изгубил самодовербата.

„Психолишки влијаеше на мене поразот од Тим. Одлично го стартував турнирот. Фантастично се чувствував. Го освоив Париз и се чувствував неверојатно. Изгледа сето тоа се промени. Изгубив самодоверба, а Роџер го виде тоа и го искористи на најдобар можен начин“, изјави Ѓоковиќ. 

Со поразот Србинот го заврши учеството на турнирот и ја изгуби шансата да се бори за првата позиција на крајот на годината на АТП листата.

Се вчитува...