Новак Ѓоковиќ признава дека една од целите во тениската кариера му е да го престигне бројот на грен-слем титули кои ги имаат неговите ривали, Роџер Федерер и Рафаел Надал. Швајцарецот има 20 трофеи од најголемите турнири, Шпанецот е на еден помалку, а Ѓоковиќ има 16 пехари.
„Во моментов малку заостанувам зад Роџер и зад Рафа. Би лажел кога би рекол дека не мислам на нивните рекорди, но свесен сум дека не зависи се од мене. Тие се можеби најдобрите тенисери во историјата, а и натаму имаат потенцијал да го зголемуваат бројот на грен-слем титули. Секојдневно работам за да им се приближам и во иднина да престигнам некој од нивните рекорди. Ќе видиме дали ќе успеам во тоа“ – изјави српскиот тенисер по егзибицискиот турнир во Абу Даби на кој го освои третото место.
Сепак, Ѓоковиќ вели дека приоритетите од почетокот на кариерата му се драстично променети и оти веќе не игра за победи и за рекорди туку за да им биде пример и инспирација на децата и поттик на младите да се борат за нивните соништа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА