Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Вимблдон откако без поголеми проблеми во три сета славеше во шеснаесетфиналето против Ернест Гулбис.
Во осмата меѓусебна пресметка со Гулбис, Ѓоковиќ стигна и до седмата победа триумфирајќи со 6-4,6-1,7-6.
Во следната рунда натпревари на Вимблдон се пласираше и Бердих кој со 3-0 (6-3,6-4,6-3) славеше против Диего Ферер, како и Раониќ кој исто така со 3-0 во сетови беше подобар од Шпанецот Рамос. Понатаму продолжуваат и Квери и Манарино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА