Новак Ѓоковиќ загуби во полуфиналето на Вимблдон од Јаник Синер, а уште од првиот момент беше очигледно дека повредата од дуелот со Флавио Коболи остави трага.
Ноле не тренираше во четвртокот, но во ниту еден момент не дојде до прашање неговиот настап во полуфиналето. Тој по мечот откри и кога би можел да се врати на терените.
„Не верувам дека ова може да ме оддалечи предолго од теренот. За жал, во последно време имав вакви повреди и можев многу брзо да се вратам. Мислам дека на УС Опен можам да се доведам до оптимално ниво, да можам да играм на највисоко ниво“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

