Ѓоковиќ ги преживеа повредата, навивачите и францускиот квалификант Куако

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на првиот гранд-слем турнир во сезоната откако во еден чуден натпревар го совлада францускиот квалификант Енцо Куако со 3-1 по сетови 6-1, 6-7, 6-2 и 6-0.

Србинот покрај отпорот од Французинот повторно имаше проблеми со повредата на задната ложа поради која при резултат 5-4 во вториот сет мораше да побара медицински тајм-аут, а сето тоа доведе Куако да го освои вториот сет со 6-7.

Сепак, во продолжение поранешниот светски рекет број 1 заигра на ниво и успеа да стигне до третото коло, иако имаше конфликт и со еден пијан навивач во публиката. Таму ќе игра против поранешниот полуфиналист на Австралија опен, Григор Димитров кој во втората рунда го елиминираше вториот Србин, Ласло Џере со максимални 3-0.

Се вчитува...