Новак Ѓоковиќ ги разочара фановите во Австралија обелоденувајќи дека нема да настапи на турнирот во Аделаида од 12 до 17 јануари, кој требаше да му послужи како „генерална проба“ пред настапот на Австралија Опен, првиот гранслем турнир за 2026 година што ќе стартува на 18 јануари.
Ѓоковиќ се имаше пријавено за настап и требаше да биде прв носител на овој турнир, но во последен момент се премисли и реши да не игра во Аделаида.
„До сите мои фанови во Аделаида, навистина ми е жал, но не сум доволно физички подготвен да настапам на овој турнир следната седмица. Тоа ми е големо разочарување бидејќи имам преубави спомени од освојувањето на трофејот таму од пред две години, се радував што ќе се вратам, но за жал нема да можам да играм годинава. Сега фокусот ми е кон подготовките за Австралија Опен, се радувам што наскоро ќе стигнам во Мелбурн и повторно ќе ги видат тениските љубители во Австралија“, порача Новак Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

