Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ почна да тренира за последниот гранд-слем во сезоната УС опени последната шанса да стигне до толку посакуваниот 25. најголем трофеј оваа година.
Овогодинешниот полуфиналист на Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон беше снимен како испраќа проектили од основната линија кон другата страна на теренот, и полека се навикнува на бетонската површина што наскоро ќе го чека на американска почва.
Ѓоковиќ моментално е во Црна Гора, а во последните денови пред патувањето во САД, реши да тренира во Портоново.
Минатата сезона, Новак беше елиминиран во третото коло во Њујорк од Австралиецот Алексеј Попирин, по четири сета 4-6, 4-6, 6-2 и 4-6.
💪🇷🇸👀🇺🇸 Novak Djokovic getting ready for the US Open pic.twitter.com/x7YhiV6MA7
— Olly Tennis 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) August 10, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

