Новак Ѓоковиќ од денеска ја почна 270-та седмица на врвот на АТП листата. Тој е само четвртиот тенисер во историјата на кој му успеало ова. Сега Србинот е израмнет со Иван Лендл на листата според бројот на недели на ранкингот, а ќе го надмине веќе следната седмица кога повторно ќе биде на врвот.
Пред Ѓоковиќ сега се само Пит Сампрас и Роџер Федерер. Швајцарецот е лидер со 310 недели додека Сампрас има 286 седмци на првата позиција на АТП.
Ѓоковиќ има 9865 бода на првата позиција, второпласираниот Рафаел Надал има 640 поени помалку. Следуваат Федерер, Медведев, Тим, Зверев, Циципас, Нишикори, Хачанов и Баутиста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА