Ѓоковиќ го доживеа еден од најтешките порази во кариерата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа тежок пораз во Бризбејн. По жестоката битка со Рајли Опелка во четвртфиналето на Бризбејн, Ѓоковиќ беше поразен и елиминиран од турнирот.

Рајли Опелка е 293. играч во светот, а Ѓоковиќ од 2010 година нема загубено од толку ниско рангиран тенисер.

Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ во 2010 година загуби од Филип Крајиновиќ, кој беше 319. играч на планетата, а тоа се случи во четвртфиналето на Отвореното првенство на Србија во Белград.

Се вчитува...