Ѓоковиќ го освои сет-поенот на кариерата, но по мечот загрижен поради коленото: „Не знам што ќе биде…“ (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на ЛОИ 2024, победувајќи го Гркот Циципас во два сета со 6-3 и 7-6(3).

Ѓоковиќ, се чини, го освои сет-поенот на кариерата на овој меч.

На извонреден начин го освои поенот на свој сервис со кој го доби првиот сет со 6-3.

Но, во вториот сет се соочи со многу проблеми откако проклизувајќи во еден момент повторно почувствува силни болки на коленото кое го оперираше пред два месеци. По мечот не криеше дека е загрижен.

„Многу сум загрижен. Искрено, не знам што би можел да ви кажам. Го завршив мечот затоа што попушти таа остра болка по два или три гема. Дали се лизнав, удрив, не знам ни сам. Но, се личеше на она 4. коло на Ролан Гарос, кога успеав да го завршам мечот но потоа следниот ден дознав дека се работи за потешка повреда. Сега мило ми е за победата, но загрижен сум што ќе донесе утрешниот ден“ – истакна Ѓоковиќ по мечот.

Се вчитува...