Ѓоковиќ го откажа учеството на мастерсот во Шангај

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, објави дека нема да настапи на АТП Мастерсот 1000 во Шангај, кој оваа година се враќа на календарот за првпат после пандемијата на коронавирус.

Српскиот тенисер досега во Шангај освои четири титули. Турнирот оваа година се враќа после 2019 година, а наградниот фонд изнесува 8 милиони долари.

„Во текот на годините добивав добра поддршка во Кина. Шангај секогаш беше еден од моите најдраги турнири во текот на сезоната. Ќе ми недостасуваат кинеските навивачи. Се надевам дека ќе се вратам во иднина“, напиша Ѓ0ковиќ на социјалните мрежи.

Се вчитува...