Ѓоковиќ го откажа учеството на мастерсот во Синсинати

Новак Ѓоковиќ нема да игра ниту на Мастерсот во Синсинати. Иако неговото отсуство во Торонто беше очекувано поради краткото растојание од Вимблдон (само две недели), оваа одлука не беше очекувана.

Сè уште не е објавено зошто одлучил да го стори тоа. Вимблдон го заврши со повреда во четвртфиналето против Флави Коболи, па постои можност да не се опорави на време.

Ѓоковиќ никогаш под нормални околности не ги пропуштил двата Мастерса во Северна Америка, едноставно затоа што тие, или барем едниот од нив, даваат можност за квалитетна подготовка за Флешинг Медоус. Ѓоковиќ не играше ниту на овие два Мастерса минатата година, бидејќи беше уморен по триумфот на Олимписките игри.

Се вчитува...