Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека е најдобар тенисер на денешницата откако српскиот ас стигна до трофејот на Мастерс-турнирот во Париз.
Првиот светски рекет по мечот најави дека е подготвен да го нападне и еден од ретките рекорди кои не се во негова сопственост, оној на Џими Конорс по бројот на освоени АТП-титули (Американецот имаше 109, а Новак сега има 97). Воедно, Ѓоковиќ ја искористи ситуацијата за да го „пецне“ Рафаел Надал, откако неодамна од Шпанецот беше критикуван дека победите и трофеите му се опсесија.
„Одам на сите можни рекорди, на се што можам да стигнам. Никогаш не сум имал проблем да го кажам тоа, впрочем јас секогаш го кажувам тоа што го мислам, затоа и некои лиѓе не ме сакаат. Не глумев како некои, да кажам нешто дека не ми е воопшто цел, а потоа да се однесувам сосема поинаку. Секогаш се обидувам да бидам во склад со она во што верувам. Што се однесува до рекордот на Конорс, се е возможно, зошто да не се обидам да го урнам. Имам 12 помалку, но имам и уште некоја година успешно играње тенис. Сега се обидувам само да уживам во овие моменти, кои вредат двојно повеќе од порано“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА