Ѓоковиќ го победи Хуркач но загуби сет, па за полуфинале во Торино сега зависи од Синер и од Руне

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Хурберт Хуркач во 3. коло од „Зелената група“ на завршниот Мастерс во Торино, но за пласман во полуфиналето сега ќе мора да го чека исходот од мечот меѓу Јаникс Синер и Холгар Руне.

Ѓоковиќ триумфираше со 7-6, 4-6 и 6-1 но бидејќи загуби еден сет од Хуркач сега не зависи само од себе, туку и од вечерашниот дуел меѓу Синер и Руне.

По оној пораз на Ѓоковиќ од Синер во второто коло, сега Италијанецот ќе мора да го победи Руне за да и српскиот тенисер се најде во полуфиналето во Торино. Доколку Руне, пак, победи во три сета против Синер ќе мора да одлучува сет и гем-количникот.

Се вчитува...