Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се враќа во својата некогашна форма и повторно бележи успеси. Се пласираше во финалето на Вимблдон, откако со 3-2 во сетови, по повеќе од пет часа тенис, распоредени во два дена, го совлада големиот ривал Рафаел Надал.
„Задоволен сум, работев многу во изминатите 15 месеци за да го достигнам ова ниво. Знам низ што се поминав, и се враќам на посакуваното ниво. Го победив најдобриот тенисер во овој момент и се надевам дека ќе прикажам добра игра и во финалето“, изјави Новак Ѓоковиќ.
Србинот во финалето на гранслем турнирот во Лондон ќе игра против Кевин Андерсон од Јужна Африка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА