Забраната за влез на Новак Ѓоковиќ во САД што го оневозможува српскиот ас да се натпреварува на УС Опен е тема за политички препукувања на американската сцена.
Администрацијата на Џо Бајден и целиот блок на демократски конгресмени стои зад актуелниот закон: Кој не е вакциниран, не може да влезе во САД, за од спротивната страна на конгресот, републиканците да бараат исклучок со кој Ѓоковиќ би можел да се натпреварува на Вимблдон.
„Демократите во конгресот упорно го форсираат изразот „телесна автономија“, а потоа го оневозможуваат Новак Ѓоковиќ, елитен спортист кој мора да одржува перфектно здравје, да игра на УС Опен. Јасно е, нивниот став „Мое тело, мој избор“ се само празни зборови кои излегуваат од устите на демократите. Сето тоа е одвратно, Новак е најдобар тенисер во светот, игра на ултра-елитно ниво, а не му се дозволува да настапи на врвен спортски настан во САД само поради политика“, изјави републиканката Клаудија Тени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

