Ѓоковиќ го повикал и Бог на помош!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека имал тешка ноќ пред синоќешниот турнир против Французинот Адриан Манарин со кој обезбеди пласман во осминафиналето на турнирот во Синсинати.

Поради тоа поранешниот прв светски рекет не се чувствувал добро на терен и го загуби првиот сет со 4-6, а потао успеа да се врати и ги доби наредните два со 6-2, 6-1. За да ја преброди кризата на Ѓоковиќ , како што вели, му помогнал докторот и молитвите.

„Не се чувствував добро во текот на првата и во првата половина од вториот сет. Зад себе имав тешка ноќ, но со помош на докторот и на Бог, успеав да ја пребродам оваа препрека. Манарино играше добро во првиот сет, а јас не бев на своето ниво. Тешко се движев и имав многу неизнудени грешки. Во вториот дел од мечот беше многу подобро, па ќе се обидат тоа да го пренесам и во следната рунда“ – изјави Ѓоковиќ по мечот.

Во осминафиналето на турнирот, Новак Ѓоковиќ го очекува дуелот со Бугаринот Григор Димитров.

Се вчитува...