Новак Ѓоковиќ со доминантна игра во полуфиналето се пласираше во мечот за титула на Мастерсот во Рим.
Српскиот тенисер го „прегази“ Австриецот Доминик Тим, кој претходно го елиминираше Рафаел Надал, победувајќи го со 6-1,6-0 за помалку од еден час игра.
Победата е уште поимпресивна ако се знае дека пред само неколку часа го играше и четвртфиналниот дуел против Хуан Мартин Дел Потро, кој вчера беше прекинат.
Во финалето утре, Ѓоковиќ ќе игра со германскиот тенисер Александар Зверев, 17-ти тенисер во светот. Ќе биде тоа нивни прв меѓусебен дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА