Ѓоковиќ го преслуша Мареј пред стартот на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј во Мелбурн одиграа тренинг меч пред почетокот на првиот гранслем турнир сезонава, Австралија Опен.

Иако резултатот беше во втор план, на крај сепак е забележано дека Ѓоковиќ славел победа со убедливи 6-1, 4-1. Мечот не е одигран до крај бидејќи истекол терминот на „Маргарет Курт Арена“ предвиден за нив двајца.

За Мареј овој тренинг меч е враќање во реалноста по враќањето на терен по подолгата пауза што ја имаше поради повреда. За потсетување, британскиот тенисер го нема на тениските терени уште од средината на 2017 година. Мареј во изминатиот период имаше неколку обиди да се врати во натпреварувачки ритам. Лани настапи на Австралија Опен, но потоа имаше нова операција и уште една пауза. Потоа одигра неколку врзани турнири и повторно паузираше, а сега ќе направи уште еден обид да се врати на големата сцена.

Сепак, тренинг мечот со Ѓоковиќ покаѓа дека тој се уште не е во топ форма за да може да се носи рамноправно со најдобрите.

Британецот моментно е 230.тенисер во светот, а во првото коло на Австралија Опен че игра против Роберто Баутиста Агут. Ѓоковиќ пак имаше среќа во ждрепката и ќе стартува против квалификант, а со главните ривали – Рафаел Надал и Роџер Федерер може да се сретне дури во финалето.

Се вчитува...