Новак Ѓоковиќ се уште е во игра за трофејот на Мастерс-турнирот во Мајами, но прворангираниот светски тенисер потоа ќе земе краток одмор и нема да настапи во Монте Карло, на отворањето на „сезоната на земјена подлога“. Србинот на својата официјална веб-страница објави дека по настапот во Мајами ќе одмори извесно време, по што ќе настапи само во Мадрид и во Рим како загревање за „Ролан Гарос“.
Ѓоковиќ лани играше во Монте Карло, но испадна во третото коло, така што нема да загуби премногу АТП-бодови. Тој нема да биде дел ниту од турнирот во Барселона, каде пред една година беше елиминиран уште во првото коло од Мартин Клижан.
Ѓоковиќ денеска ќе го игра својот меч од осминафиналето од турнирот во Мајами, каде ќе се сретне со Роберто Баутиста Агут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА