Новак Ѓоковиќ продолжи со добрите игри на турнирот во Акапулко, обезбедувајќи место во четвртфиналето по фантастичниот меч против Хуан Мартин дел Потро. Српскиот тенисер вообичаено се соочува со проблеми кога игра со Аргентинецот, а исклучок не беше ниту мечот во Мексико на кој Дел Потро прв поведе, овојувајќи го стартниот сет со 6-4.
Ѓоковиќ, кој игра многу променливо во последните десетина месеци, покажа карактер и заигра врвен тенис, успевајќи целосно да го сврти мечот и на крајот заслужено да се радува на победата.
„Секогаш кога играте со Дел Потро, свесни сте дека ќе има емоции, тензија, но исто така и многу квалитетен тенис. Презадоволен сум бидејќи денеска јас стигнав до победата“ – истакна второрангираниот светски тенисер.
Следен предизвик за Ѓоковиќ ќе биде четвртфиналната пресметка со Ник Киргиос, проблематичниот Австралиец со кого Србинот ќе го игра првиот меѓусебен дуел во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА